ВОРД ПРОДУКЦИЈА ВОРД ПРОДУКЦИЈА
  • Дома
  • За Нас
  • Портфолио
  • Реклами
  • Анимации
  • Настани
  • 3D
  • Адаптации
  • Други Видеа
  • English
  • Дома
  • За Нас
  • Портфолио
  • Реклами
  • Анимации
  • Настани
  • 3D
  • Адаптации
  • Други Видеа
  • English
About us

Некаде помеѓу соништата, инспиративните емоции и негувањето на вредноста на визуелното во дигиталниот свет кој се движи брзо, Ворд продукцијата на уникатен начин ќе ви излезе во пресрет и ќе ги исполни сите ваши уникатни замисли.

Нашиот тим креира ефективни видеа кои предизвикуваат реакција. Го комбинираме знаењето со страста за визуелно да ја достигнеме вашата визија и обемот на работа, вашата публика и вашата основна порака.

Нашата агенција ви помага да постигнете раст на бизнисот и развој на брендот преку видеа што предизвикуваат внимание, инспирираат и изнудуваат акција од луѓето.

Доставуваме стратешки резултати преку создавање колаборативни односи со вашите странки и вашите примачи, па оттаму, ја насочуваме вашата видео содржина кон вистинската публика на соодветен начин и преку вистинските канали. Континуираната посветеност на Ворд за да ги надминеме границите и да ги предизвикаме нашите клиенти е она што нè прави брзи, но сепак внимателни.

Ефективното видео доаѓа во три чекори, кои ги испорачуваме во целост:

1

Градење на столбот: СТРАТЕГИЈА

Ние ја создаваме вашата видео стратегија со правилно таргетирање, тактики и пораки за да ги достигнеме вашите цели, вклучувајќи:

  • Видео стратегија
  • Планирање на содржини
  • Планирање на кампањите
  • Упатства за видео бренд
2

Префинето кроење на производот: ПРОДУКЦИЈА

Од солидни истражувања до креативен пристап, од скрипта до сценарио, се справуваме со сé за прилагодување на вашето видео за да ги задоволи вашите цели, како што е убав костум.

  • Раскажување приказна
  • Креативни идеи
  • Видео во живо
  • Анимација
  • Видео шаблони
3

Видеото е успешно само ако е гледано: МАРКЕТИНГ

Прегледите се само почеток, ја дистрибуираме вашата видео содржина на начин кој ги достигнува вашите цели и добива најмногу за вашиот буџет.

  • Видео дистрибуција
  • Видео реклама
  • Видео оптимизација

Конечно, Ворд обезбедува сеопфатно известување за клиентот, вклучувајќи и преглед на добиената вредност за вашите пари и систематски увид за да се загарантира задоволството на клиентот со нашето производство.


VORD PRODUCTION | ALL RIGHTS RESERVED | COPYRIGHT ©2021
+389 78 221 040 - Skopje, Macedonia | info@vord.mk
+359 88 4007 050 - Sofia, Bulgaria | info@studio-lime.com